Завршија преговорите за програмата на новата македонска Влада - кои ќе бидат новите министри?

Програмата на новата македонска Влада е усогласена. Информацијата денеска ја потврди Генералниот секретар на ДУИ, Абдулаќим Адеми. Адеми рече дека се преоѓа во втората фаза, односно распределбата на ресорите.

„Имаме усогласена програма на новата влада и влегуваме во втората фаза, значи во поделба на ресорите, на позиции и многу скотро јавноста ќе биде запознаена со конечниот договор за формирање на коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ“ - изјави Адеми денеска во Тетово. 

И двете партии не излегуваат со информации за тоа кој ќе влезе во новиот кабинет на Груевски на Илинденска. 

Неофцијалните информации велат дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ќе ја формираат новата влада без речи си никакви промени. 

Според последните информации, единствено, ќе има промена во Министерството за одбрана, од кое ДУИ се откажува во овој владин мандат. Се очекува на местото кое до сега го држеше Талат Џафери да седне Генералниот секретар Емил Димитриев, кој до сега беше Заменик министер за одбрана. Во замена за ова место, ВМРО-ДПМНЕ на ДУИ му го отспатпува Министерството за труд и социјала. Нема информации кој од кадрите на ДУИ ќе седне во оваа фотелја, ниту пак дали Диме Спасов ќе остане во Собрнаието, каде беше избран како пратнеик, или пак повторно ќе добие нова функција во извршната власт. 
Извесно станува дека нема да има рокади ниту во Министерството за внатрешни работи, каде Јанкуловска е на чело веќе 3 мандати. Иако извори не ја отфрлаат оваа можност, сепак, мали се шансите министерката за внатрешни работи да си замине од функцијата. Речи си сигурно е дека Ставрески останува на позицијата Министер за финансии и најверојатно повторно ќе добие и вицепремиерска позиција, а промени не се очекуваат ниту во секторите Здравство и култура. 
Иако се шпекулираше дека ДУИ ќе го отстапи Министерството за правда, станува извесно дека интегративците и во новиот мандат ќе раководат со овој ресор.
ДУИ веќе закажа Конгрес на 5 јуни на кој треба и официјално партијата да ги потврди министерските поизции и да и даде легитимитет на новата Влада.
Во ВМРО-ДПМНЕ велат дека остануваат на ставот дека нема да изнесуваат детали од преговорите се додека тие не завршат.

30.05.2014 - 13:04
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега