Растот на индустријата - добар сигнал за инвеститорите

Растот на индустриското производство во април годинава е добар показател, особено што има сериозен тренд на зголемување секој месец од септември 2013 година. Ова денеска го истакна претседателот на Владата, Никола Груевски, по промоцијата на новата музејска поставка во Музејот на македонската борба.

-  Тоа укажува дека македонската економија се движи во добар правец, дека мерките што Владата ги презема за време на кризата дадоа ефекти за побрзо излегување од кризата и за посилно опоравување, изјави премиерот Груевски.

Груевски смета дека тоа е и сигнал за инвеститорите, за компаниите дека може да влезат во поголеми инвестиции и поголеми вложувања затоа што, како што рече, веќе е сосема јасно по осум месеци на секој месец зголемување на индустриското производство дека економијата оди во добар правец и дека ова е време за инвестирање.

30.05.2014 - 14:37
Фото: 
МИА
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега