Нова супер поволна услуга за сите корисници на T-Home и T-Mobile

Од 23мај,сите корисници на Т-Mobileи T-Homeќе имаат единствена можност да активираат Family Box, пакет на услуги, одговор на телекомуникациските потреби на целото семејство.

Family Box е комбинација од најатрактивните мобилни и фиксни услуги на една сметка. За месечна претплата од 1999 денари вклучени се најбрзиот интернет за дома, најдобрата телевизија MaxTV со над 80 ТВ канали и два постпејд броја со неограничени разговори кон сите мрежи и неограничен интернет.

„Ова е првата интегрирана понуда на пазарот и е одговор на сите комуникациски потреби на едно семејство. За прв пат се нудат и телефонија и интернет и МaxTV во еден пакет и тоа неограничени. Нашите корисници го заслужуваат најдоброто, а Family Box е најдоброто на едно место, на една сметка и по одлична цена“ – изјави Жарко Луковски, Главен извршен директор на Т-Мобиле, Македонија.

Понудата е достапна за сите нови и постоечки корисници на Т-Mobileи T-Homeсо договор за лојалност.   

Корисниците на пакетот можат да купат и телевизор на рати коj ќе се плаќа преку месечната сметка, а со секој од вклучените постпејд мобилни броеви да изберат и смартфон или таблет по многу поволна цена.

Освен овие поволности корисниците кон пакетот може да приклучат и дополнителни постпејд и припејд картички по потреба, а со секоја дополнителна SIM картичка може да се склучи договор за Доверба за мобилен апарат или таблет.

 

Family Box е новина на пазарот, најдоброто за целото семејство. 

30.05.2014 - 14:42
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега