Пронајден машки труп под браната на вештачкото езеро во Прилеп

Под браната на вештачкото езеро во Прилеп денеска околу 14 часот пронајден е машки труп. Чуварот на браната го пронашол трупот и ги информирал полицијата и итната помош.

Заменик основниот јавен обвинител Ристо Шошески направил увид на лице место и според првичните информации станува збор за маж на 36-годишна возраст од Прилеп со иницијали Р.В.

Според Гоце Јонзоски, началник на службата за итна помош, телото било со видлива повредна на главата.

- Наверојатно смртта настапила во раните утрински часови, но засега ништо со сигурност не може да се каже додека не се изврши обдукција, вели Јонзоски.

Чуварот на браната уште изутрината околу 8 часот кога ја почнал смената, забележал торба на браната. Околу 14 часот торбата се уште стоела на браната и по обиколката го забележал машкиот труп.

Како што вели заменик јавниот обвинител Шошески, во џебот од пантолоните на починатиот пронајдена е лична карта, но идентификацијата допрва ќе се утврди, а со обдукцијата и причините за смртта на 36-годишниот прилепчанец.

Увид на лице место направи и прилепската полиција.

30.05.2014 - 17:49
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега