Мапа на предрасуди: Црна Гора е ништо, Албанија земја на криминал и бандити, Србија воена зона - што е Македонија?

Оваа карта на светот ја направил Мартин Варгиц, уметник кој на неа работел четири месеци и кој се потрудил да покаже повеќе од 1800 стереотипи кои за државите и луѓето кои живеат во нив важат ширум светот.

Мапата на светот се засновува на стереотипи кои се секогаш забавни, но ваква детална политичка мапа заснована на предрасуди досега сигурно не сте виделе.

Таа ја прикажува Србија, како воена зона, Црна Гора како „ништо“, БиХ како подрачје на Алах, додека Албанија ја покажува како земја на криминал и бандити. Што се однесува до Македонија само кратко напишал WTF (what the fuck).

Крим кој неодамна, по референдумот се приклучи на Русија е прикажан како „Пакистан“.

Кина е прикажана како голема фабрика, Австралија како земја на кенгури, додека главниот синоним за Бразил е самбата.

Уметникот нагласил дека не се согласува со овие стереотипи кои се многу бизарни и кои воглавно во голем дел се засноваат на мислењата на западњаците.

 

По него и самата мапа е стереотип на стереотипите, со оглед на тоа што е базирана на убедување на одредени лица и начин на кои тие го гледаат светот.

 

Погледнете ја мапата во поголема резолуција како ги прикажува и останатите земји. Тоа може да го направите со еден клик овде.

30.05.2014 - 17:57
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега