Обвинителството бара доживотна робија за обвинетите во „Монструм“

Најстрога казна   за обвинетите  во судскиот процес Монструм , побара обвинителство во завршниот збор  .  Масакрот никогаш да не се повтори, судот да ги огласи за виновни   за да биде задоволена правдата, се изјасни обвинителката. Доживотен затвор е пропишан како  најстрога казна по закон за вакво дело.   

Убиството се случи на големиот христијански празник пред две години.  Денот не е случајно избран. Ниту 5мината млади. Намерата била да се ликвидираат млади македонци.   Кај Смилковско езеро имало и други рибари , кои потоа сведочеа во суд, но тие не биле македонци па останале живи, заклучува обвинителката.

-Пораката која ја испратија со убиството е:  Пукаме за Велики Четврток за да ви биде крвав Велигден, сакаме да ви биде уништена верата. Пукаме во млади машки луѓе за да ви биде уништена нацијата. Пукаме во иднината на државата.

Седуммината обвинети одговараат  за тероризам.  Демири, и браќата Исмаиловиќ директно  пукале во момчињата , вели обвинителката  и заклучи  дека претходно со останатите   го разгледувале теренот,  анализирале кој се движи таму.  

Кај  дел од нив  запленети се фотографии со сателитски снимки од Смилковско езеро, обележана обиколницата,  аудио и видео-записи со муџахедини,  оружје,  оглас  од опел омегата пронајдена во близина на Смилковци.   Обвинителство има и доказ - ДНК  дека Демири се возел во тој автомобил.  Клу

Демири и Исмаиловиќ се уште се во косовски затвор и неизвесна е нивната екстрадиција.

На 5ти јуни одбраната ќе ги даде завршните зборови.

30.05.2014 - 19:04
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега