ФОТО: Со фантомки насилно влегле во стан на Чаирчанка и киднапирале 12-годишно момче

Двајца маскирани разбојници во попладневните часови киднапирале 12 годишно момче, откако претходно насилно провалиле во станот во кое што живеел во близина на комплексот Чаирчанка. 

Албанскиот портал коха.мк пренесува дека во моментот на киднапирањето во станот се наоѓал помалиот брат на киднапираното момче. Блокирана е целата област од страна на полицијата а запрен е и сообраќајот на Цветан Димов. Официјално полицијата сеуште го нема потврдено случајот a забележано е големо присуство на насобрани граѓани на самото место.

30.05.2014 - 19:11
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега