Академиите на науките на Македонија и Бугарија сакаат заедно да го славиме Илинден

Заедничко одбележување на илинденското востание на ниво на Академии меѓу Македонија и Бугарија, би бил следниот чекор кој би требалоп да порозлезе од соработката на Македонската и Бугарската Академија на науките и уметностите.

Денеска во Скопје, Владо Камбовски и Стефан Воденичаров, заеднички констатираа дека соработката и отворените разговори се единствениот пат на градење доверба.

Засилените контакти, првото заедничко одбележување на сесловенските просветители, отвореноста на дијалогот е еднен нов правец кој што го трасираат Македонската и Бугарската Академија, кој треба да биде пример за соработка, но од друга страна и да значи една нова страница во функционирањето на анакдемиите, во напуштање на платформите од минатото, кои ги доведоа до најголемиот парадокс. Врвот на науката, да биде врв на национализмите.

30.05.2014 - 19:24
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега