Петгодишно дете повредено во сообраќајка во Тетово

Петгодишно дете од Тетово се здобило со скршеница на левата нога и други тешки телесни повреди откако врз него налетал и го удрил автомобил „Шевролет Калос“ со тетовски регистерски таблички управуван од тетовецот С.И.(58).

Сообраќајката се случила околу 16 часот и 30 минути на крстосницата од улиците „Никола Тесла“ и „Коле Неделковски“ во Тетово.

Повреденото дете веднаш било префрлено во тетовската Клиничка болница од каде како итен случај било упатено во Скопските клиники.

- По овластување на јавен обвинител, екипа на СВР Тетово извршила увид на местото на сообраќајката и работи на утврдување на причините што довеле до неа, рече Јосифовски.

30.05.2014 - 20:13
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа