ФОТО: Го убила вереникот три часа пред венчавката

Американката На Кола Френклин (32) од Пенсилванија, до смрт го избодела својот вереник Били Брустер (36), и тоа само три часа пред закажаната венчавка на парот, кој веќе живееле заедно и имал деветмесечен син.

До трагичната случка дошло по една жестока кавга, која избила откако Брустер во утринските часови се вратил пијан по момачката вечер.

При кавгата, тој ја нападнал жената и се обидел да го земе нивниот син. Меѓутоа, несудената невеста зграбила нож и му нанела на Брустер смртоносни убоди.

По злочинот, таа не можела да поверува што направила, а кога и соопштиле дека Брустер е мртов, испаничено извикала: „Морате повторно да проверите".

најчитано сега