Дојран ќе стане рај за туристите - дознајте што се ќе добијат реновираните плажи

Дојранските плажи наскоро ќе добијат нов лик. Со реализација на проектот за уредување на плажите, Градската плажа во Дојран, во должина од 500 метри ќе добие главен сервисен пункт и два помошни шанкови, три нови тоалети, нови лежалки, санитарни јазлии шест спортски терени за мал фудбал, тенис и одбојка на плажа.

Проектот за уредување на плажите во Дојран чини 1,5 милиони евра што ги обезбеди македонската Влада преку Министерството за транспорт и врски.

Градоначалникот Борче Стамов, ова е еден од поголемите реализирани проекти во овој туристички центар.

- Покрај Градската плажа, на која е ставен акцент, се уредува и плажата на влезот во Стар Дојран, во должина од 100 метри.Доколку се оди според предвидената динамика, градежните работи планирано е да завршат до втората половина на јуни така што се надеваме дека реализацијата на проектот  ќе ги поттикне и приватните концесионери да ги подобрат условите за престој на туристите на нивните плажи,  изјави Стамов.

04.06.2014 - 12:26
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега