Ајде да и помогнеме на Емануела Костоска!

Да и помогнеме на младата Емануела Костоска која боледува од редок синдром, познат како Прадер вили. Еден од симптомите на овој синдром е огромен апетит кој не може да се контролира.

-Нејзините родители ја носеа и во странство каде имаше подобрување, бидејќи таму ваквите лица се сместени во посебно средени центри за нега и грижа и за нив се води строга контрола на исхраната, имаат разни активности прилагоднени за нив. По враќањето овде, состојбата на девојчето се искомплицира дополнително, и сега е на апарат за дишење. Но, нејзините родители не можат да го набават со своите две плати бидејќи чини 10.000 евра. Имаат отворени телефонски броеви за донации. Измина периодот во кој им беше изнајмен апаратот а Фондот не покрива вакви трошоци, истакнуваат од Здружението на граѓани РиД.

Жиро сметка на која ќе може да ги уплатите средствата: 210-5016770854.29;  Банка-НЛБ Тутунска Банка АД Скопје; Назив на примач- Емануела Костоска.

Може да се донира и преку пови од мобилен телефон

One- 075/143-750

ВИП 077/143-314

Т-мобиле 070/143-122

04.06.2014 - 12:54
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега