ФОТО: Вељаноски го прими новиот полски амбасадор Мултановски

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски денеска го прими амбасадорот на Република Полска во Република Македонија, Јацек Мултановски.  

Посакувајќи му успешна работа во неговиот мандат, Вељаноски на средбата истакнал дека Република Македонија и Република Полска имаат пријателска билатерална соработка, но е потребно да се зголеми интензитетот на остварени средби на сите нивоа. На средбата се зборувало за значењето на парламентарната дипломатија за дополнително унапредување на добрите односи, преку официјални посети на претседатели и пратеници на парламентите на двете држави.

Амбасадорот истакнал дека неговата држава и понатаму останува голем подржувач на интеграцијата на Република Македонија во Европската унија и НАТО.

Вељаноски ја потенцирал отвореноста на Собранието на Република Македонија за соработка, како и неговиот Кабинет, за континуирана комуникација и соработка со Амбасадата на Република Полска во Република Македонија.

04.06.2014 - 13:59
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега