ВИДЕО: Калуѓерката која со својот глас го воодушеви светот победи на талент шоуто „The Voice“

25- годишната калуѓерка Кристина Скуча која со својот глас го освои светот и стана меѓународна ѕвезда со изведбата на „No One“ на Алиша Кис.

Италијанската калуѓерка Кристина Скуча вчеравечер се најде на врвот и победи на италијанското најпопуларно телевизиско талент шоу „The Voice“.

Калуѓерката од Сицилија дури и красеше неколку насловни страни, меѓу кои и насловната на „New York Times“.

Како победничка на ова талент шоу и е понуден договор со музичка компанија, но се уште не знае даи ќе го прифати оти чека одговор од своите црквени поглавари.

06.06.2014 - 12:59
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега