Груевски: Заев си ја трга “мувата од капата“ за случајот „Глобал“

Изјавата на лидерот на СДСМ  Зоран Заев за скучајот „Глобал“ е арогантно кажана од  „ немајкаде“.

Ова го истакна премиерот Никола Груевски како реакција на изјавата на Заев дека Владата шири лаги за „Глобал“,  а дека тој е чист како солза .

-За Зоран Заев се може да се каже освен дека е чист како солза. Очигледано дека човекот си ја трга “мувата од капата“ и таа изјава личи на многу арогантна изјава која што ја кажа од „немајкаде“, изјави Груевски.

08.06.2014 - 14:34
Фото: 
НоваТВ
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега