Ученици од Тетово ќе одговараат за тепачка на час по физичко

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.Ф.(19) од Тетово, А.А.(19) и З.А.(19), двајцата од с.Порој-тетовско, ученици во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ за сторено кривично дело „насилство“.

На 02.05.2013 година, околу 08,40 на час по физичко воспитување додека играле фудбал Ф.К. реагирал поради груба игра од страна на M.Ф, по што M.Ф. заедно со останатите пријавени го нападнал нанесувајќи му повреди во пределот на главата и десната рака. Повредениот е пренесен во Клиничка болница Тетово каде му е укажана лекарска помош.

 

најчитано сега