Грабежи во Кам маркет и Бет Сити Балкан

 

Разбојници успеаа да ги ограбат Кам маркетот на Џон кенеди во Скопје и спортската обложувалница Бет Сити БАлкан во Гостивар, информираше полицијата.

Вечра попладне, нешто пред 17 часот, маскиран разбојник влегол во кам маркет во Скопје и заканувајќи се со нож одземал околу 250 евра.

Околу 23 часот двајца маскирани рабојници влегле во обложувалницата во гостивар и се заканувале со пиштол. Успеале да соберат плен од околу 160 илјади денари.

Полицијата трага по сторителите и прави напори за расчистување на двата случаи.

најчитано сега