Денеска ќе пука сонце - од утре пак невреме

 

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност попладне. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 17, а дневната од 27 до 33 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно сончево и топло. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 32 степена.

И во следните денови времето ќе биде претежно стабилно, суво и топло, но сепак во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд со грмежи.

10.06.2014 - 08:14
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа