Воздухопловните сили на АРМ го слават својот ден

Во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец денеска ќе се одржи свеченост по повод одбележувањето на денот на воздухопловната бригада на АРМ, на која ќе присуствуваат заменик министерот за одбрана на Република Македонија Емил Димитриев, државниот секретар во МО Сашо Стефаноски, заменик-командантот на ЗОК бригаден генерал Мухамед Рацај и други високи гости.

На 28 јуни 1994 година тогашната команда на ПВО и ВВ на АРМ во својот состав ги доби првите транспортни хеликоптери Ми-17 со што воздухопловната бригада почна позабележително да се развива. Во 2001 година, оваа единица е опремена со борбени хеликоптери Ми-24 и УХ-1Х. Во 2005 година со програмата за реконструкција на АРМ, воздухопловната бригада се трансформираше во помала, покомпактна единица наречена воздухопловен ВИНГ (воздухопловна извидувачка напаѓачка група) која фигурира до 2012 година кога повторно се формира воздухопловна бригада во составот на Здружената Оперативна Команда. Денеска, покрај основната мисија на вбр за остварување на блиска воздушна огнена поддршка на маневарските единици на АРМ, нејзината мисија е да учествува во мировни и мисии од хуманитарен карактер предводени од НАТО, ЕУ и ОН, учество во справување со конфликти од регионален карактер, како и поддршка на институциите во Република Македонија при справување со природни непогоди и други несреќи.

 АРМ учествуваше во мисијата „АЛТЕА“ во рамки на силите на ЕУФОР во Босна и Херцеговина од каде ангажирањето на оваа единица беше оценето со највисоки оценки.

На воениот дел од аеродромот „Александар Велики“, во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, денеска во чест на денот на вбр на Република Македонија, ќе биде прикажано дефиле на воздухоплови и тактичко-технички збор на опремата, која ја поседуваат единиците од составот на вбр. 

10.06.2014 - 09:47
Фото: 
кајгана
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега