Илија Димовски заминува од Центарот за коммуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Илија Димовски си заминува од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, јавува Плусинфо.  Димовски од функцијаа се повлекува поради новиот ангажман кој го доби во Собранието како координатор на пратнеичката група на ВМРО-ДПМНЕ.
- Повлекувањето е од професионална причина, практично двете функции не може одеднаш да се тераат како што треба - вели Димовски за Плусинфо.

Најголемата партија во земјава веќе распиша јавен оглас кој трае до 30 јуни и преку кој се очекува да биде пополнето ова место во партијата. Условот е да се биде член на ВМРО-ДПМНЕ. Станува збор за одговорна функција која Димовски ја вршеше во последните скоро 7 години.
Кој ќе биде новиот директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ќе решава Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, каде што членува и Димовски.

 

 

10.06.2014 - 11:45
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега