Владата објави јавен повик за волонтирање на студенти

Владиниот потпарол, Александар Ѓорѓиев, денеска информираше дека Владата на Република Македонија овозможува волонтирање за сите заинтересирани студенти во завршна година од областа на правните, политичките, економските, филолошките и други општествени науки, како и од областа на електротехничките науки во канцеларијата на претседателот на Владата и во Генералниот секретаријат на Владата.  Целта е приближување на работата на државната администрација кон граѓаните на Република Македонија, а воедно и укажување на можноста за стекнување на работно искуство на младите.

Рокот за пријавување е до 15 јуни, а волонтирањето ќе биде во периодот од 1 јули до 15 септември годинава. На ангажираните волонтери ќе им биде исплатен надоместок на трошоци за храна и превоз, согласно Законот за волонтерството, што ќе изнесува околу 4.500 денари. Огласи за волонтирање деновиве се објавени и за сите министерства и други државни институции.   

Заинтересираните треба да достават писмо за интерес, кратка биографија и фотокопија од индекс до Владата на Република Македонија на адреса: Бул. Илинден бр.2, 1000, Скопје, со назнака за Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Македонија и Генералниот секретаријат на Владата.

10.06.2014 - 12:20
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега