ФОТО: Шпанската ѕвезда на Вардар Штербик, се адаптира на новите услови во Скопје

Новото име меѓу стативите на Вардар голманот Арпад Штербик денеска беше и официјално запознаен со Скопје и екипата во која треба во иднина да настапува. 

sterbik-160

Шпанскиот репрезентативец во овие неколку дена колку што е во Скопје се запознава со градот, салата, новио клуб и местото каде што во иднина ќе биде сместен со семејството. 

Најголемата ѕвезда во Вардар, има доста пријатели со кои во минатото одржувал врски, а сега и лично беше со сите на кафе муабет. Срдечен, скромен и ненаметлив, Штербик беше на мета и на многумина граѓани кои го препознаа додека се шеташе низ Скопје.

sterbik3-500

Сите му посакаа добредојде, и да има успеси во „црвено-црниот“ дрес, подеднакво како и со Барселона и Сиудад Реал.

Штербик е дел од новите засилувања на Вардар за в година каде се уште и Лацковиќ, Горбок и Шишкарев. Вардар в година ќе го брани трофејот во СЕХА лигата и домашниот Куп.

Фото ekipa.mk

10.06.2014 - 14:52
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега