Сообраќајната полиција ќе демне на гостиварските улици

Сообраќајната полиција ги засили контролите за паркирање по гостиварските улици. Посебно се контролираат и санкционираат возачите кои ги оставаат своите возила на обележани пешачки премини или не им даваат предност на пешаците и велосипедистите, информираат од СВР Тетово.

- Оние кои за паркирање ги узурпираат пешачките премини, како и велосипедските премини, ги очекува глоба од 250 евра во денарска противвредност и плус 1.600 денари, колку што чини подигнувањето и транспортирањето со општинското „пајак-возило“, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово, пренесе МИА.

Поголема внимателност во претстојниот период се очекува и од пешаците, пред се кога ги преминуваат улиците, со напомена дека глобата за овој прекршок изнесува 25 евра. Недавањето на предност на пешаците се санкционира со 300 евра и плус судска санкција.

Од СВР Тетово, нагласуваат дека целта на сите овие активности е да се овозможи непречено користење на пешачките премини и да се воспостави повеќе ред со паркирањето во Гостивар. 

10.06.2014 - 15:23
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега