Воздухопловната бригада на АРМ го прослави 22-от роденден

 

Воздухопловната бригада на АРМ денеска во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец го одбележа 10. јуни - денот кога пред 22 години полета првиот авион на военото воздухопловство на Република Македонија.

Евроатлантските интеграции остануват висок приоритет на Владата, а долготрајниот придонес во меѓународните операции и посветеноста на одбранбените реформи се најсилната потврда за посветеноста кон тие стратегиски приоритети, нагласи во обраќањето по овој повод заменик-министерот за одбрана Емил Димитриев.

- Модернизацијата на Армијата со современа воена опрема е голем предизвик за Република Македонија. Свесни за потребите за нова современа воена опрема Владата го усвои долгорочниот план за развој на одбраната на Република Македонија:2014-2023 (ДПРО), чиј дел е и Планот за модернизација и опремување на АРМ. Согласно ДПРО и одобрената финансиска конструкција од страна на Владата, буџетот за одбрана планирано е постепено до 2023 година да се зголеми до 1,60 проценти од БДП. Тоа ќе овозможи унапредување на борбената готовност на Армијата и интерперативност со вооружените сили на Алијасата, истакна Димитриев.

Како што рече заменик-министерот Димитриев, се планира постоечките воздухоплови да се модернизираат со пософистицирани и технолошки понапредни варијанти, со цел да се доизградат способностите за изршување мисии дење, ноќе и во сложени метеоролошки услови на целат територија на Македонија, како и заради исполнување на НАТО стандардите. Во тек е и реализацијата на Балканската регионална иницијатива за против-воздушна одбрана која ќе овозможи развивање и поврзување на интегрираниот систем за против-воздужна и противракетна одбрана на НАТО. На овој проект ќе се работи заедно со Хрвтска, Албанија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

 

10.06.2014 - 15:29
Фото: 
МИА
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега