Зголемена вредноста на откупени и продадени земјоделски производи

Вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во април годинава изнесува 765.011.000 денари, што претставува зголемување за 10,5 проценти во споредба со истиот месец минатата година.

Според податоците кои ги објави Државниот завод за статистика, вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е зголемена за 9,9 проценти, а продажбата од сопственото производство на претпријатијата за 11,1 проценти.

Зголемување на вредноста на откупените и продадените земјоделски производи се забележува кај индустриските, градинарските растенија, добитокот и млекото, а намалување кај житата, овошјето, алкохолните  пијалоци, живината и јајцата, млечните производи и рибата, покажуваат податоците на Статистика.

10.06.2014 - 15:37
Фото: 
дневник
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа