Регистрирање на системот е-Даноци за обврзниците кои преминуваат во тримесечни ДДВ обврзници

Сите даночни обврзници кои од наредниот месец ќе преминат во тримесечни ДДВ обврзници, а кои не се регистрирани на системот за електронско пријавување на ДДВ во Управата за јавни приходи, треба да преземат активности да се регистрираат затоа што нема да бидат во можност да ги запазат законските рокови за пријавување на ДДВ.

Како што соопшти УЈП, според последните податоци од вкупно 10.793 годишни ДДВ обврзници, се уште не се регистрирани 444.  

Со измените и дополнувањата на Законот за данокот на додадена вредност, се укинува можноста како даночен период да се смета календарска година. Во насока на имплементација на законските измени, Управата за јавни приходи на сите годишни ДДВ обврзници кои од 1 јули 2014 година преминуваат во тримесечни ДДВ обврзници ќе им достави решение за измена на даночен период за ДДВ.

Како што соопштува УЈП, за прв даночен период во 2014 година ќе се смета периодот од 1 јануари до 30 јуни 2014 година за кој оваа категорија на ДДВ обврзници ќе треба да поднесат ДДВ-04 пријава преку е-Даноци и да извршат плаќање на ДДВ-обврската најдоцна до 25 јули 2014 година.

Регистрањето се врши преку системот на е-Даноци на веб страницата на УЈП. 

10.06.2014 - 16:13
Фото: 
новатв
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега