За прв пат во Кратово фестивал "Златни денови"

Кратово во полн сјај ова лето 2014. За прв пат годинава фестивал "Златни денови" во Кратово кои ќе започне на 20-ти јуни а ќе трае се до 22-ри јуни. На денешната прес- конференција која се одржа во хотел Кратис беше најавена програмата на фестивалот чии што уметнички директор е Ристо Самарџиев. Градоначалникот на градот Кратово господинот Мите Андоновски истакна дека Кратово е подготвено и има капацитет да ги пречека сите гости кои сакаат да го проследат фестивалот. На првата фестивалска вечер е планирано да има забавна музика која ќе започне со настапот на Коки и Тајфата а ќе продолжи со групата Љубојна. Втората фестивалска вечер ќе го задоволи вкусот на љубителите на изворната музика. Третата фестивалска вечер е резервирана за најмладите заедно со ѕвездите од Икс Фактор Адриа, меѓудругото Кристина Петровска од општина Кратово истакна дека за време на фестивалот ќе се организираат и тури за посета на места кои Кратово го прават посебно. За таа цел ќе бидат ангажирани сите лиценцирани сите туристички водичи во градот. 

Во градот сите угостителско-сместувачки капацитети се подготвуваат за напливот на гости кој се очекува за десеттина дена. Викендов со работа започнува и базенот, каде ќе се одржуваат ноќни журки со познати диџеи. 

10.06.2014 - 20:44
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега