Боцевски: СДСМ е кафеанска партија

СДСМ избраа да бидат улична, кафеанска партија, вели аналитичарот Ивица Боцевски во својата емисија „Ринг“, посветена на анализи, интервјуа, коментари, дебати и соочувања која се емитува на „Радио Слободна Македонија“. Фокусот беше ставен на политиката во државава, формирањето на новата влада и однесувањето на опозицијата.

Ivaca-Bocevski407

-Потврден е изборот на Ѓорге Иванов, потврден е и легитимитетот на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ кои го бележат својот најголем рејтинг, резимира Боцевски накусо за изборниот процес.

Анализирајќи го изминатиов период, Боцевски вели дека „се случи тежок нокдаун на СДСМ“ алудирајќи на средбата на Зоран Заев и Радмила Шекеринска со еврокомесарот за проширување, Штефан Филе.

Боцевски го потенцираше фактот дека по средбата Филе им укажа дека нивното место е во Собранието и  тие таму може да ги процесуираат своите ставови низ институциите на системот. Аналитичарот  јавно запраша зошто опозицијата се откажува од третиот канал на МТВ, од собраниската говорница, медиум каде се’ се пренесува?

-Тие избраа да бидат улична, кафеанска партија, вели Боцевски додавајќи дека имале и смешно налудничаво соопштение за формирање на техничка влада, појаснувајќи што тоа значи со што тоа е само пуст лажен сон од Бихаќка.

Осврнувајќи се на дилемата дали треба да се оди на дополнителни избори за испразнетите места на опозиционерските пратеници од Парламентот, Боцевски е со став дека најверојатно ќе треба да пристапиме кон германското решение за ваков случај објаснувајќи го истиот.

-Се надевам дека СДСМ ќе излезе од своето безумие и ќе се врати во Собранието, нагласи Боцевски.

Тој во својата емисија „Ринг“ на „Радио Слободна Македонија“ посвети внимание и на предложениот нов состав на владата на Никола Груевски.

-Ова е Влада на континуитет, каде со минимални измени се продолжува работата, вели Боцевски.

Набројувајќи го новиот состав Боцевски рече дека единствено изненадување е само Зоран Јолевски кој доаѓа на позицијата министер за одбрана кој доаѓа од најтврдото проатлантско крило на македонската политика.  

Во делот на кадровските решенија на ДУИ, Боцевски исто така забележа континуитет, но и нагласи дека „омекнува федералистичката политика на ДУИ“ која според него беше забележлива за време на изборната кампања пред се со барањето за консензуален претседател. Тој исто посочи дека треба да се види дали ќе има рокади во владејачката партија по претстојниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ.

Резимирајќи за темата нова влада тој потсети дека „централно е ветувањето за економски раст“ но и дека како што нагласи „ВМРО-ДПМНЕ сериозно ја сфати задачата, односно ветувањето за намалувањето на невработеноста на 22 % “.   

10.06.2014 - 21:18
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа