Протести во Приштина поради апсењето на поранешни команданти на ОВК

Илјадници луѓе денеска излегоа да протестираат поради апсењето на поранешните командатни на Ослободителната војска на Косово ОВК. Ваквиот протест бил организиран од страна на ветераните на поранешната ОВК поради апсењето на поранешните команданти од „групата од Дреница“, меѓу кои и двајца влијателни лидери на групата Сами Љуштаку и Сулејман Селими.

Косовските медиуми јавија дека демонстрантите сакаат да тргнат кон централата на ЕУЛЕКС. Засега нема инциденти.

Седуммина членови на „групата од Дреница“ се осомничени за воени злосторства, кои се во домашен притвор.