Подгответе се за пеколни 35 степени

 Времето во Македонија ќе биде  сончево и потопло. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд со грмежи особено во западните подрачја. Ќе дува умерен ветер од северен правец особено во источните делови и долж Повардарието.

Утринската температура ќе се движи од девет до 18, а дневната од 29 до 35 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје времето ќе биде сончево и потопло. Попладне со мала до умерена облачност и со умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе се искачи до 32 степени. 

11.06.2014 - 08:11
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега