Министерот Попоски ќе се сретне со Анџелина Џоли

Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски престојува во три дневна работна посета на Лондон каде ќе учествува на Глобалниот самит за запирање на сексуалното насилство за време на конфликт. На Самитот ќе присуствуваат државници и високи претставници од над 100 држави во светот.

Домаќини на Самитот се шефот на британската дипломатија Вилијам Хејг и специјалниот пратеник на високиот комесар за бегалци на ОН, Анџелина Џоли. Македонскиот министер ќе се обрати во министерскиот дијалог насловен како „Постигнување напредок преку учество на жените“.

Попоски во Лондон ќе се сретне со британскиот министер за Европа, Дејвид Лидингтон, со претседавачот на ЕУ-комитетот при Горниот дом на Парламентот, лордот Босвел, како и со Карен Лумли, која ја предводи парламентарната група за Македонија во Долниот дом на Парламентот.

Шефот на македонската дипломатија ќе одржи и предавање во престижниот London School of Economics, посветено на економските реформи на Република Македонија во контекст на евроатлантските перспективи на земјата и на регионот. 

11.06.2014 - 08:26
Фото: 
МИА
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега