УЈП ја објави листата на должници

Управата за јавни приходи на својата веб страница денеска ја објави првата листа на компании и граѓани кои на државата и должат парични износи по основ ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини. Со тоа, на листата можат да се најдат имињата на физички лица и самостојни вршители на дејност на кои вкупниот износ на долгот им е повисок од 120.000 денари, како и на правни лица со долгови над 300.000 денари.

Доколку даночниот обврзник не се согласува со објавените податоци за долговите по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход и придонеси од задолжително социјално осигурување, може да се обрати до надлежната регионална дирекција на УЈП. За објавените долгови по основ на акцизи, царини и ДДВ при увоз, граѓаните и фирмите можат да се обратат до Царинска управа на РМ-Одделение за наплата на приходи, буџет, гаранции и анализа (тел.02/3293 978 или 02/3293 971)

За секој должник ќе бидат исклучени долговите кои се утврдени со даночни акти, а за кои се води управна или судска постапка, како и долгови за кои е одобрено одложено плаќање.

Од УЈП нагласуваат ваквата мерка е во согласност со членот 9 од Законот за даночна постапка, чија цел е зајакнување на даночната дисциплина и заштита на буџетот.

Листата погледнете ја тука

11.06.2014 - 10:16
Фото: 
либертас
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега