Македонските ракометари на 11 место на најновата листа на ЕХФ

Македонската машка ракометна репрезентација е рангирана на 11-то место на најновата ранг-листа на ЕХФ, на која има вкупно 42 селекции. Новиот ранкинг е правен врз основа на збирот на резултатите постигнати на ЕП 2012 во Србија, СП 2013 во Шпанија и ЕП 2014 во Данска. Веќе следната година ќе се искачиме барем за две места, бидејки на СП 2015 во Катар ќе нема две од четирите селекции кои се моментално пред нас, Полска или Германија и Унгарија или Словенија, кои се во меѓусебни бараж-пресметки.

Зад Македонија се силни селекции како Русија (12), Шведска (13), Белорусија (14), Чешка (17) итн.

Од просторите на поранешна Југославија, најдобро пласирана е Хрватска (3), пред Србија (5), Словенија (8), Македонија (11), Црна Гора (18) и БиХ (23).

Ранг-листа:

Бр.

Земја

ЕП 2014 во Данска

СП 2013 во Шпанија

ЕП 2012 во Србија

Вкупно

01.

Данска

144

144

160

448

02.

Шпанија

128

160

120

408

03.

Хрватска

120

128

128

376

04.

Франција

160

104

64

328

05.

Србија

52

72

144

268

06.

Полска

104

80

80

264

07.

Унгарија

88

88

88

264

08.

Словенија

32

120

104

256

09.

Исланд

112

56

72

240

09.

Германија

32

112

96

240

11.

Македонија

72

48

112

232

12.

Русија

80

96

44

220

13.

Шведска

96

24

56

176

14.

Белорусија

56

44

32

132

15.

Норвешка

48

24

52

124

16.

Австрија

64

24

32

120

17.

Чешка

44

24

48

116

18.

Црна Гора

40

28

32

100

19.

Словачка

32

24

40

96

20.

Литванија

32

24

32

88

20.

Португалија

32

24

32

88

22.

Холандија

32

24

24

80

23.

БиХ

24

24

24

72

 

 

11.06.2014 - 11:23
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега