Попоски ја обезбеди пријателската поддршка на Британија во евроинтеграциите

Во рамките на работната посета на Обединетото Кралство, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, денес оствари средби со претседавачот на Комитетот за ЕУ при Домот на лордовите во британскиот Парламент, лордот Босвел, како и со претставници на парламентарната група за Македонија при Долниот дом на Парламентот.

Како што соопшти МНР, на состаноците со британските парламентарци министерот за надворешни работи Попоски ги презентираше приоритетите на новата Влада, евроатлантските перспективи на земјата и разговараше за можностите за продлабочување на парламентарната соработка меѓу двете земји. На состаноците беше потврдена британската поддршка на европската агенда на земјата.

Во текот на денешниот ден министерот Попоски ќе одржи предавање во престижниот  London School of Economics,  посветено на економските реформи на земјата во контекст на евроатлантските перспективи на регионот. Во своето предавање ќе се осврне и на Стратегијата 2020 за земјите од Југоисточна Европа како патоказ на регионот за водење политики на економски раст и  просперитет.

11.06.2014 - 17:35
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега