ВИДЕО: Погледнете го излетувањето на Стефановски со 150 км/ч

Игор Стефановски имаше катастрофален  викенд на петтата трка од европското првенство на ридски патеки во Чешка. По оваа трка неговите шанси за добар пласман на следната трка во Полска се крајно нарушени, пренесува derbi.mk.

Завршивме со целосната дијагностика на возилото за детално да ги утврдиме сите штети. Меѓу другите внатрешни оштетувања откривме дека од ударите се скршила и турбината на турбо-полначот. Засега ги правиме само најнеопходните поправки и замена на делови, додека корекцијата и менувањето на некои надворешни делови и на лимаријата можеби ќе остане за Скопје. Во секој случај, утре ќе решиме што ќе менуваме. Моторот е добар, целиот е прегледан и измерен, детално е прегледано и турбото, подвозјето, траповите. Ова е голем непланиран финансиски трошок за нашиот скромен буџет затоа што штетите на возилото се навистина големи ,- изјави Стефановски.

11.06.2014 - 17:40
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега