Македонските кошаркарки вечерва во битка за пласман на ЕП 2015

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија, вечерва во Кавадарци ќе го одигра вториот натпревар од квалификациите за Европското првенство кое ќе се одржи 2015 година во Унгарија и Романија.

По убедливиот пораз во неделата на гостувањето во Литванија 108:66, избраничките на селекторот Горан Јовановиќ, вечерва пред кавадаречката публика во салата „Јасмин“ ќе се обидат да направат изненадување во дуелот со селекцијата на Велика Британија.

Противникот, кој со години наназад е во самиот врв на европската женска кошарка, ја ужива фаворитската улога пред мечот, но мотивацијата, тимскиот дух и домашниот терен даваат дополнителна сила на нашиот подмладен состав, кој амбициозно гледа на добар резултат.

Ова е натпревар од групата Б во која во рамките од 2.коло вечерва ќе играат Белгија и Литванија. Натпреварот Македонија – Велика Британија ќе започне во 19 часот и 30 минути. 

11.06.2014 - 19:59
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега