Боцевски: Барањето за апанажа ја покажува моралната позиција на СДСМ

Повеќе од 1.000 евра месечно ќе добива поранешната пратеничка и актуелен заменик-претседател на СДСМ, Радмила Шекеринска по барањето за апанажа.

Со неа, уште 25 пратеници од опозицијата поднесоа исто вакво барање кое вчера им беше одобрено од пратениците на владејачката партија.

Политичките аналитичари велат неоспорно е правото на поранешните пратеници да добиваат апанажа, но во овој момент кога го бојкотираат парламентот истото е морално неприфатливо.
Аналитичарот ивица Боцевски во изјава за Канал 5 за ова барање вели дека е законско, но не е морално.

-Морално е неприфатливо вие да велите дека бојкотирате една институција, дека системот е недемократски, вие да велите дека системот е лош, а при тоа да се обидувате да го измолзете тој систем последниот денар што ви припаѓа како демократско право. Ако имаше недемократски систем, ако имаше рушење на првната држава, ако имаше рушење на владеењето на право тогаш се разбира сосема арбитрерно недемократската власт немаше да ви овозможи вакви привилегии. Но, фактот што тоа се бара кажува каква е моралната позиција на СДСМ, каква е моралната вертикала на овие што бараат и на крајот колку е смешно целокупниот бојкот на институциите, рече Боцевски во изјава за Канал 5.

Токму на ова вчера посочија и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, кои изјавија дека Шекеринска лицемерно бара апанажа од пратениците за кои вели дека се дојдени на власт по за нив нелегитимни избори.

-Ова нема врска со морал и етика. Шекеринска барањето го достави кусо пред рокот. Таа свесно не се стави себе си на пратеничка листа, сега бара пари, а нејзините сопартијци ги натера да поднесат оставки. Таа ги „вози“ своите колеги, а должна е да им го објасни нејзиното барање, истакна пратеникот Ромео Тренов.

Тој уште обвини дека Шекеринска успешно „пере“ по 5 илјади евра месечно за кирија, а сега ќе земе плус 1.000 евра.

12.06.2014 - 15:50
Фото: 
Лидер
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа