Македонско-турски бизнис форум

Стопанска делегација од 15 турски компании од Асоцијацијата на независни индустријалци и бизнисмени (МУСАИД) од денеска престојува во посета на Македонија, со цел да воспостави деловни контакти со македонски компании од различни стопански дејности.

За време на посетата на турската делегација, во организација на Стопанската комора на Македонија, ќе се одржи македонско-турски бизнис  форум.

Планирани се и билатерални разговори помеѓу компании од секторите градежништво и градежни материјали, текстил, млеко и прехрана, туризам, трговија.

13.06.2014 - 09:08
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега