Државата ќе им помогне на младите земјоделци

Државата ќе им излезе во пресрет на младите земјоделци кои сакаат да почнат сопствен бизнис. Тие ќе добијат неповратна финансиска помош максимум до 600 илјади денари. Огласот на кој што може да се јават фармерите до 40 години веќе е во тек.

За финансиска поддршка од државата до 600.000 денари има право секој млад земјоделец кој почнува да се заминава со оваа дејност. Треба да има деловен план и да е индивидуален земјоделец или трговец поединец не подолго од 18 месеци.

Барателот треба да има средно земјоделско образование или обука, да ги почитува добрите земјоделски практики и мерките за заштита на природа и животните. Откакао ќе биде одобрена финансиската поддршка, парите се исплаќааѕ годишно, најмногу на три рати.

Барателите смеат да почнат со инвестицијата, дури по потпишувањето на Договор со платежната Агенција.

Финансиската поддршка е неповратна и ќе се контролира 5 години.

13.06.2014 - 11:35
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега