Голем интерес кај младите за земјоделските грантови

Mладите од Тиквешко покажале голем интерес за аплицирање за финансиска поддршка во земјоделството со грант од неповратни 10 илјади евра, информира раководителот на работната единица на Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството од Неготино, Ѓорѓи Ајтов.

- Аплицирањето трае до крајот на овој месец, а вреди да се нагласи дека постои голема заинтересираност кај млади од општините Кавадарци, Неготино, Росоман и Демир Капија. На сите оние кои подигнаа соодветна документација за аплицирање им појаснуваме дека треба да се под 40-годишна возраст и да се носители на семејно земјоделско стопанство во период до 18 месеци, вели Ајтов.

Во работната единица на Агенцијата, вели тој, постои голем интерес за користење на финансиска поддршка од страна на земјоделците при подигање на млади лозови или овошни насади, но и при инвестирање во сточарство или пчеларство. Земјоделците чии апликации ќе бидат одобрени, ќе добијат половина од вложените средства.

14.06.2014 - 11:52
Фото: 
Република
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега