Нелоски: УМС е клучен фактор во креирање и делување на младинската политика

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, денеска во Универзалната сала во Скопје ја одржа 23-тата годишна конференција.

УМС на ВМРО-ДПМНЕ е најбројната младинска организација во Македонија но и во регионот со вкупно 47 000 членови.

Пред присутните се обрати претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Нелоски. Тој истакна пред 23 години биле поставени темелите, а од тогаш секоја наредна генерација со своја визија и мисија придонесува за иднината на младите во Македонија.

- Единството, сплотеноста, храброста да се оди во чекор во ново време јасно се гледа во секој поранешен и сегашен член и симпатизер на Унијата на млади сили.  Младите никогаш не биле посплотени, поедиснтевни, младите знаат каде да ја насочат својата енергија и храброст за нови предизвици. Младите знаат да препознаат вистински вредности според кои се води оваа најбројна младинска организација, рече денеска Нелоски.

Тој потенцираше дека УМС на ВМРО-ДПМНЕ веќе 23 години е најважен фактор во креирање и делувањето на младинската политика во Македонија и побара сите заедно и понатаму да се заложат за таа да остане фактор кој ќе влијае во општеството и ќе ја водат Македонија кон нови победи и успеси.

-Како претседател на УМС цврсто стојам на ставот дека место за способните и квалитетните во унијата секогаш ималоќе има. Лично се залагам и ги повикувам сите кои што сметаат дека на било кој начин со своите квалитети кои секој млад човек ги поседува и може да ги вложи во нашата организација, има простор и уште веднаш може да ни се приклучи, рече тој.

Изминатиот период, објасни тој, сите оделе од град до град, од населба во населба, разговарале, разменувале идеи со цел да се креира најдобрата изборна програма за која најголем бој на млади дале поддшка.

-Програма која како никогаш до сега содржи огромен број на прокети за младите во нашата држава, за сигурна, безбедна и напредна иднина. Проекти со кои се опфаќаат сите сегменти на нашето живеење изградба на нови училишта, реновирање на студенски домови, воведување на државна квота за магистерски студии, стипендии, изградба на спортски објекти, поддршка за спортистите, уметниците, бесплтен превоз, нови мерки за вработување, рече Нелоски.

Само во изминатите неколку месеци на УМС на ВМРО-ДПМНЕ и се приклучиле нови 9000 членови. Тоа укажува на фактот дека младите ја препознаваат енергијата на унијата. Тој истакна дека како и до сега ќе се залагаат за сите сегашни и идни генерации и секој млад човек.

-Ние максимално ќе се вложиме и насочиме кон остварување на предизвиците кои ни гарантираат подобра иднина. И нема да се вложиме само за нас туку во име на сите претходни и идни генерации кон кои чувствуваме одговорност, подвлече тој и додаде дека во Унијата има волја, енергија, знаење и визија, волја за победи и енергија за соочување на предизвиците.

Нелоски истакна дека ќе останат зад демохристијанските вредности, затоа што тоа се вистински вредности и подвлече дека ќе застанат зад секој млад човек во Македонија бидејќи иднината на државата е во младите.

14.06.2014 - 15:24
Фото: 
Курир
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега