Прсти да излижеш - направете си вкусна салата со туна

Направете вкусна салата од туна, еве што ви е потребно.

- една конзерва туна ( употребувам сецкана туна во маслиново масло ),
- 150 гр маслинки веќе исчистени од семките ( зелени за подобар изглед на салатата),
- 1 чаша павлака,
- 4 (средно големи) варени и изрендани компири,
- мелен бибер,
- сол,
- маслиново масло.

Маслинките ситно се сецкаат, се додаваат ренданите компири и туната и се убаво се меша. Се додаваат сол и бибер по вкус, сосема малку маслиново масло и на крај се додава павлаката. Се мешаат сите состојки и се остава во фрижидер најмалку 1 час да отстои. Се декорира по желба.

 

16.06.2014 - 12:00
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега