Чави си заминува од Барселона

Долгогодишниот фудбалер на Барселона Чави Ернандес следната сезона ќе ги брани боите на катарскиот клуб Ел Арабија, јавуваат шпанските медиуми.

Според овие информации Чави во новата средина ќе заработува 8,3 милиони евра годишно. Неговиот договор со Каталонците истекува летото 2016 година, но клубот дал дозвола тој предвреме да си замине.

Покрај 34-годишниот играч од средниот ред, Барселона сезонава ја напуштија уште двајца кои ја носеа капитенската лента. Тоа се голманот Виктор Валдес и дефанзивецот Карлес Пујол.

Чави своето деби во првиот тим на Барселона го имал пред 16 години, а со новиот клуб се обврза на тригодишна соработка

16.06.2014 - 12:10
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега