Скопската полиција направи “парче“ - викендов казнети 349 возачи

Скопската полиција викендов ги засили контролоте и казни 349 учесници во сообраќајот.

Казни заработиле 60 возачи кои возеле под дејство на алкохол, 34 возачи кои управувале возила со измината важност на сообраќајната дозволаи 31 возач кои возеле без  возачка дозвола. Седум лица биле казнети бидејќи поминале на црвено светло, 20 возачи  управувале возила со над дозволената брзина, а 14 возачи  управувале возило со над 90 км на час во населено место.

КАзнети биле и  четворица возачи кои не користеле сигурносен појас, десетмина кои зборувале на мобилен телефон, и 19 возачи кои се паркирале во зона на крстосница, автобуска постојка и пешачки премин. Биле изречени и 74 прекршоци за неправилно и непрописно паркирање, за недавање на првенство на минување на пешаци изречени биле два прекршока, еден прекршок за непрописно престигнување, утврдена е техничка неисправност кај две патнички моторни возила и со пајак службата биле дигнати вкупно 83 возила.

Освен во Скопје, полицијата ги засили контролите и во Битола, каде вкупно биле  контролирани 242 возачи.

Кај 175 возачи биле извршени алкотестирања од кои утврдено е присуство на алкохол кај 20 возачи. Вкупен број исклучени возачи од сообраќај е 20 додека пак бројот на одземени возачки дозволи 18. Биле издадени 20 платни налози и 16 мерки по останати прекршоци.

МВР најавува дека и понатаму ќе продолжи со зајакнати сообраќајни контроли и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел да се намалат сообраќајните незгоди.

16.06.2014 - 13:15
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега