Судска пресуда за случајот „Монструм“

Скопскиот Кривичен суд во среда ќе ја изрече пресудата за седуммината обвинети во случајот „Монструм“.

Петмина од обвинетите се наоѓаат во притвор во Скопје, додека двајцата првообвинети се во затвор во Косово поради нелегално поседување оружје. 

Петкратното убиство кое ја зави Македонија во црно, се случи пред две години на Велики четврток. 

Обвинителката Гордана Гешковска во завршниот збор рече дека обвинетите пукале на Велики четврток за да биде крвав Велигден. 

-Пукаме на Велики четврток за да ви биде крвав Велигден. За да ви ја уништиме верата. Пукаме во машки млади луѓе за да ви ја уништиме нацијата. Пукаме во иднината на државата - рече Гешковска во својот завршен збор. Ова обраќање на Гешковска предизвика бура реакции кај албанското малцинство, а некои невладини организации организираа и протести. 

Обвинетите, пак, продолжуваат да тврдат дека се невини. Тие се „колнеа во Господ“ дека не се одговорни за смртта на петтемина невини скопјани.

Гешковска потенцираше дека не подлегнува на пристисоци и повтори дека обвинителството има цврсти докази врз основа на кои бара доживотен затвор за седуммината обвинети.  

 
16.06.2014 - 14:08
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега