Благодарница и за Иванов за помошта за Србија

Српската амбасадорка во Република Македонија, Душанка Дивјак-Томиќ денеска на македонскиот претседател Ѓорге Иванов му додели благодарница за помошта што нашата земја и ја даде на Србија која беше зафатена со поплави.

Благодарницата, рече Дивјак-Томиќ е мал симбол на големата благодарност за несебичната помош на Македонија за Србија.

- Чувствувам должност во оваа пригода им оддадам признание на сите во Македонија кои им помогнаа на своите браќа во Србија, зацврстувајќи ги со тоа уште посилно нераскинливото традиционално пријателство меѓу нашите народи и држави, рече Дивјак-Томиќ на денешната промоција на книгата „Камбана - Пупиновата дипломатија“.

- Ти благодарам Македонијо, Србија ова нема да го заборави, рече српската амбасадорка.

16.06.2014 - 14:32
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега