Лани дипломирале 8,8% помалку отколку во 2012

9.480 лица лани дипломирале на додипломските студии на високите стручни школи и факултетите во Македонија. Оваа бројка е за 8.8 отсто помала од 2012 година, соопшти  Државниот завод за статистика.

На државните високообразовни установи дипломирале 7.307, на приватните 2.144 и на верските факултети 29.

Според податоците на ДЗС, од вкупниот број дипломирани, 82.3 проценти се редовни, 17.7 проценти се вонредни студенти.  Процентот на дипломирани жени е 56.3.

40 % дипломирале во рок, додека останатите  60 проценти дипломирале по предвидениот рок. 

16.06.2014 - 14:54
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега