Одбележани 71 година од масакрот во Ваташа

На спомен-обележјето во спомен паркот Моклиште кај Ваташа, денеска беше одбележана 71-годишнината од стрелањето на 12-те ваташки младинци.

Свое обраќање пред присутните имаше професорот по историја Мики Камчевски.

- Селото Ваташа во текот на својата многувековна историја има дадено плејада револуционери и борци за слобода на својот народ кои со своите дела го одбележаа времето во кое што живееја. Ова тиквешко село со право може да се нарече не само револуционерен, туку и културно просветен центар на Тиквешијата, бидејќи истото даде голем број преродбеници и просветители, како во постарата така и во поновата историја на овој крај, рече Камчевски.

Во рамки на денешното одбележување на 71 годишнината од стрелањето на младинците, цвеќиња положија голем број делегации.

16.06.2014 - 15:13
Фото: 
Нова Македонија
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега