Познат македонски кошаркар измамил портпарол на државна институција - му го заложил станот

Портпарол на државна институција е жртвата на големата измама со кредитот од Стопанска банка. Тој преживеал вистински хорор кога извршители му затропале на врата решени да му го одземат станот, кој без негово знаење бил ставен под хипотека.

На чело на измамата, пак, стоел познат кошаркар на КК Куманово, кој заедно со уште три други лица успеал да го заложи станот на портпаролот и на негово име да подигне кредит од 19.000 евра од Стопанска банка. 

Четворицата измамници користеле лажна лична карта, на која имало фотографија од непознато лице, а податоци на еден од измамниците. Постапката за извршување на хипотеката, односно одземање на станот на Т.Д. , во моментов е запрена.

Деталите за измамата, прочитајте ги тука.

16.06.2014 - 16:06
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега