Дожд со грмотевици во Велес, поплавени градски улици

Во Велес попладнево поради силниот дожд поплавени се најголем дел од главните градски улици каде нема атмосферска канализација, а отежнато е одвивањето на сообраќајот.

Од Центарот за справување со кризи соопштија дека поради невремето од 15 часот има прекин на електрична енергија во велешките села Горно и Долно Оризари, Богомила и Чашка.

Околу 16 часот гром удри во куќа во населбата Керамидна на улица „Луј Пастер“ бр 8. во Велес. Од Центарот за справување со кризи, информираат дека громот удрил во оџакот и  оштетил половина од покривот на куќата. Од Противпожарната единица од Велес истакнаа  дека благодарение на силниот дожд куќата не изгорела. 

16.06.2014 - 17:41
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа